вестиТоп вести

Инвестиции во обновливи извори на енергија наместо вложување во стари капацитети, советува експертската јавност

Најмалку тројно повисоки сметки за струја ќе добијат граѓаните, ако се инвестира во РЕК Битола, наместо да се размислува за обновливи извори на електрична енергија.

Европската заедница налага строги правила кон загадувањето и испуштањето  сулфур и ПМ честички.

За да  се намали концентрацијата од најголемиот загадувач – РЕК, ќе мора да се вложат од 200 до 230 милиони евра. Плус ќе треба секој ден да се  плаќаат казни за загадување, што значително ќе се влијае кон зголемување на цената по мегават произведена енергија, велат од МАНУ.

Значително намалување на загадувањето ќе донесе гасификацијата. Но постојат несогласувања на релација локална власт –  Влада. Градоначалникот на Скопје Шилегов сака градот да управува со терцијалната мрежа, која треба да го донесе гасот до домаќинствата. Владата смета дека најдобра опција е јавно приватно партнерство

Министерот Бектеши додава дека веќе се преземаат мерки за поголема енергетска ефикасност, како градење соларни колектори, замена на дрвените со алуминиумски прозории,  набавка на печки на пелети, давање субвенции за ставање плински уреди во автомобилите и од наредната година, доделување  субвенции за замена на старите со нови возила.

Експертите бараат и што поскоро да се реалзира Чебрен и да се искористат сите алтернативи од обновливи извори на енергија.

Извор: Сител

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close