Ирена Змејкоска-Платежната молчи за 60 % од штетата што треба да ми ги исплати за ланското невреме
До кога ќе го лажете земјоделецот? Дали на ваков начин ќе ги поттикнувате земјоделците да користат полиси за осигурување на посеви а истите нема да ги исплаќате? Дали е ова начинот за поттик на младите -жени да бидат земјоделци, вели Змејкоска.
Ирена Змејкоска од Прилеп е жена земјоделец, таа лани ги осигурала посевите со тутун, но за жал се уште го чека делот од обештетувањето од државата.
-60% од штетата што треба да ми ги исплати државата се уште ги нема никаде. Станува збор за некои 3000 или 3500 денари, вели нашата соговорничка.
Во продолжение нејзината изјава
Поради климатските промени кои не ја одминуваат и Македонија сведоци сме на се почести
природни непогоди. Од овие природни непогодни најмногу страдаат земјоделците. Државата има
идеа како да им се ублажи маката на земјоделците, но реализацијата им е катастрофална. Секогаш
кога ќе се случи невреме кое ќе предизвика штети врз земјоделските култури , власта се жали на
тоа дека не е моќна да им помогне на земјоделците (голем дел од нив никогаш не виделе
парична помош при вакви штети). А при тоа кривицата за тоа ја вперува кон земјоделците како
виновни што не ги користат привилегиите за осигурување на нивните посеви преку
осигурителните компании. Со која полиса државата како демек нуди 60 % покривање на
настанатата штета. А често гледаме како самите тие трубат дека треба да ги користиме тие
привилегии.
Голем дел земјоделци не ни сакаат да слушнат за вакво нешто, бидејќи и тука самите тие се
соочуваат со манипулации и лаги. Прво воопшто не се заштитени при проценка на штетите, а второ
дали некогаш ќе си ги добијат парите од државата. Но има и такви што секогаш се надеваат дека
колку толку нема да останат на цедило па пуштаат полиси во осигурителните копмании. Таков
случај сум и јас Ирена Змејкоска жена носител на семејно стопанство. Осигуран тутун за реколта
2020 кој беше зафатен од градот во август истата година. Иако штетите не беа големи сепак ја
искористив полисата па ги викнав на терен од осигурителната компанија да напраат проценка.
Проценката беше мала некаде одолу 5- 6000 денари. 40 проценти си ги зеде осигурителната
компанија според тоа колку требаше јас да доплатам за полисата и тоа колку треба тие да ми
исплатат па се расчистивме. Останатите 60 % што треба да ми ги исплати државата се уште ги нема
никаде. Станува збор за некои 3000 или 3500 денари. Прочитајте убаво ДЕНАРИ. Смешна сума за
да се брукаме за толку малку пари.
Иако директорот на Платежната агенција на 26.02.2021 година јавно на својот Фејсбук профил се
пофали дека се исплатени субвенциите за осигурување на посевите од непогоди по програма
2020г. На мојата сметка имаше пристигнати неверојатни 0 денари. Почекав некој ден да видиме
дали исплатата можеби ќе се изврши во наредните денови но, ништо . Во комуникација со агентот
ме препрати да се обратам во Платежната агенција и да видам зошто голем дел од полисите се
веќе покриени ама за мене нема ништо. Па така лично му пишав на директорот на Платежната
агенција Никица Бачовски зошто не е одобрена-исплатена субвенција за мојата полиса . Секоја
чест на директорот ми врати во најкус можен рок дека субвенцијата ќе биде исплатена во текот на
јуни. Денес е 1 јули, но субвенција нема. Само да напоменам
дека повторно му пишав на господинот директор Никица Бачовски да го потсетам дека
завршува месецот јуни во случај да заборавил кој месец и датум сме добив само сеен, жално.
Е сега имам неколку прашања до Власта, до директорот на Ллатежната агенција, до министерот за
земјоделие и сите кои ги засегаат овие проблеми. До кога ќе го лажете земјоделецот? Дали на
ваков начин ќе ги поттикнувате земјоделците да користат полиси за осигурување на посеви а
истите нема да ги исплаќате? Дали е ова начинот за поттик на младите -жени да бидат земјоделци?
До кога мислите да си играте со угледот и достоинството на сите земјоделци ? Дали ви пропаѓа
лебот што го јадете врз нашата мака и пот? Дали нашите деца треба да бидат горди што нивните
мајки се земјоделци или треба да се срамат од нас? Дали вие ќе ми простите долг кон државата
или и крвта ќе ни ја испиете додека не си го наплатите долгот со извршители? Каде ние да
повикаме извршител сега присилно да ви го наплати долгот кон нас.?
Штета што сега пишувам за некои 3000 денари ,толку ви кошта 1 ден патен трошок на сите вас кои
безмилосно си го наплаќате од наши пари.
За ковид пакетот и цел тој циркуз за да се изгласа во некоја следна прилика.
Ирена Змејкоска мајка – жена носител на семејно стопанство, член во здружението Тутунска надеж