fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Исплатени 230,1 милион денари за субвенции по повеќе мерки

Градинари проверете сметки!!На сметките на 4.846 земјоделци исплатени се 230,1 милион денари субвенции, соопшти денеска Платежната агенција.

По три денари за килограм добија градинарите кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари се префрлени 168,9 милиони денари . Вчера, пак, беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка во период од 5 април до 5 мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари за килограм, односно, вкупно 708 лица кои имаа произведено пролетна зелка од почеток на април до почеток на мај лани и истаата ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи добија 30,4 милиони денари.

Според директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, средства добија и земјоделците кои произведените овошни култури ги предале во преработувачки капацитети. За оваа мерка се исплатени 16,7 милиони денари на 172 овоштара или три денари за килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.

Бачовски најави и дека утре, на сметките на 656 мали земјоделски стопанства ќе бидат исплатени над 14 милиони денари.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close