
Агро бизнисВестиТоп вести
Исплатени 85,7 милиони денари финансиска поддршка за 1.159 одгледувачи на кози
Почна исплатата на субвенциите
Исплатени 85,7 милиони денари финансиска поддршка за 1.159 одгледувачи на кози
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамките на реализацијата на мерките за поддршка на сточарството, информира дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска, 25 август 2026 година, ја изврши исплатата на финансиската поддршка за одгледување кози за 2025 година.
Со исплатата се опфатени 1.159 одгледувачи на кози, на кои им се исплатени вкупно 85.784.580 денари.
Министерството и Агенцијата продолжуваат со реализацијата на исплатите на финансиската поддршка и за останатите мерки предвидени со програмата за 2025 година.




