ВестиТоп вести

Избор на сорти – лешник

lesnik

– Римски

Оваа сорта на лешник е од италијанско потекло. Настаната е од видот Corylus avelana. Узрева во средината на септември. Џбунот е многу буен со исправени гранки и со добра родност, со протагинично цветање. Има многу разграноци. Оваа сорта е самобесплодна и е релатино отпорна на мразови. Плодот е крупен до 3 гр, округлесто колачест. Плодовите се во група од по три заедно. Лушпата е дебела, цврста. Обвивката на плод е рамна составена од два листа. Зрелите плодови лесно се оделуваат од обвивката.

Јатката е крупна, добро го исполнува плодот, со остар врв, многу добар вкус и пријатна арома. Рандманот изнесува од 42 до 48%. Јадрото е ситно до средно крупно (1,35 гр.), слатко, но не е ароматично. Џбунот рано прородува, а ако се калеми на мечкина леска има поумерен пораст и поквалитетен плод. При лоша нега на насадот оваа сорта е склона на алтернативно плодоносење.

– Истарски

Средно бујна до бујна, созрева средно рано во првата половина на септември. Џбунот е средно буен до буен и разгранет. Плодот е средно крупен до крупен (2,8 гр.), со издолжен облик. Рандманот на јадрото е околу 43%. Ситно е околу 1,2 гр. золтеникаво бело, ароматичен.

– Косфорд лешник

Оваа сорта лешник е од англиско потекло. Настаната е со вкрстување на видовите Corylus avelana и Corylus maxima. Џбунот е буен со добра родност. Создава многу изданоци. Протандрична е, релативно отпорна на ниски температури, плодовите се во група од 2 до 4 заедно. Обвивка е на ниво на плодот или подолга е. Плодот е долгнавес. Созрева по првата половина на септември. Најчесто плодовите се со средна големина околу 2.5 гр. Рандманот на јатката изнесува до 60%. Поткожицата на јатката е груба но се одделува лесно од лушпата. Јатката има добар вкус.

– Халски џин

Оваа сорта на лешник е од германско потекло, а според видот води потекло од Corylus avelana. Созрева при крајот на август и почетокот на септември. Џбунот е средно буен. Цвета средно рано, и продолжено, но е самобесплодна. Плодот е крупен 3.4 гр со топчесто купаста форма. Обвивката е рамна со плодот. Лушпата е доста дебела и тврда. Јатката е крупна, не ја исполнува добро лушпата. Рандманот и е до 40%. Јатката е вкусна и богата со протеини. Овааа сорта е една од најотпорните на мраз, и е со висока родност. Недостаток на оваа сорта е што при поголема родност дел од плодовите се празни и е со слаб рандман.

– Негрет лешник

Оваа сорта на лешник е од шпанско потекло, а според видот води потекло од Corylus avelana. Џбунот е средно буен, со исправен пораст. Цвета рано, и протагинична е. Плодот е крупен до 3 гр, со овална форма и заедно се во група од 3 до 4. Обвивката е малку подолга од плодот. При зреење добро се отвара и го ослободува плодот. Рандманот на јатката изнесува до 48%. Многу е ценета како сорта во индустријата за чоколадо. Џбунот рано почнува со плодоносење, редовно и обилно раѓа, погодна е за одгледување во интензивни насади како стеблесто овошје. Рандманот е висок, а јатката е со одличен квалитет.

– Барцелонски лешник

Оваа сорта лешник е со непознато потекло, а според видот води потекло од Corylus avelana. Најзастапена е во Соединетите Американски Држави, а се одгледува и во Франција, Италија и Шпанија. Џбунот е буен со малку изданоци и добра родност. Самобесплодна е и протандрична но може да има и хомогамија. Релативно е отпорна на ниски температури. Плодот е крупен до 3.3 гр, со округла форма. Зрелите плодови лесно испаѓаат од обвивката. Во соплодието има од 2 до 4 плода. Лушпата е дебела, и тешко се одвојува од јатката.Јатката е со радман од 45%, а исто така е крупна и квалитетна.

– Трапезунтски лешник

Оваа сорта лешник е од турско потекло, а според видот води потекло од понтијски лешник. Џбунот е со слаба бујност али со добра родност. Развива многу изданоци. Протандрчна е и самобесплодна. Многу е осетлива на ниски температури. Плодот е средно крупен 2.6 гр, со округлесто колачеста форма. Ова е една од најраните сорти на лешник. Обвивката со созревање паѓа заедно со плодот. Плодовите се наоѓаат во соплодие од 2 до 4. Лушпата е дебела и тешко се одвојува од јатката. Јатката е со рандман од 45%, а исто така е крупна и квалитетна.

– Тонда џентиле романа лешник

Оваа сорта лешник е од италијанско потекло. Позната под синонимот „римски вкус“. Џбунот е средно буен, со преоден хабитус, и добра родност. Цвета средно рано и е со променливи карактеристики, од протандрична до протагинична. Спаѓа во самобесплодна сорта. Прилагодлива е на разни услови. Плодот е средно крупен 2.7 гр, со округла форма. Во соплодие се наоѓаат од 2 до 4 плода. Обвивката е подолга од плодот но сепак плодовите лесно испаѓаат од обвивката. Рандманот на јатката изнесува 45%, која е квалитетна и има голема примена во индустријата за слатко.

– Тонда ди џифона лешник

Оваа сорта на лешник е од италијанско потекло. Џбунот е слабо до средно буен, со преоден хабитус, и добра родност. Спаѓа во самобесплодна сорта и е со протандрично цветање. Плодот е средно крупен 2.4 гr, со округла форма. Во соплодие се наоѓаат од 2 до 4 плода. Лушпата е средно тенка. Рандманот на јатката е до 45% и е погодна за кондикторна индустрија. Ова е типична сорта за медитерасно подрачје. Оваа сорта на лешник успева во Македонија.

– Тонда џентиле дела ланге (пиемонтски лешник)

Оваа сорта на лешник е од италијанско потекло. Позната е како пиемонтски лешник. Ова е водечка сорта во Италија. Има средно развиен џбун, со преодна форма, формира доста издатоци. Цвета многу рано, дихогамно, со изразена протагиничност. Самостерилна сорта, со слабо р’тлив полен, затоа не е поволна како опрашувач, а се опрашува добро со сортите барцелона, негрег, римски и др. Плодот е округлест со заострен врв, со маса од 2.4 гр, поединечен или е во група од 2 до 3 плода. Обвивката е долга колку плодот или нешто подолга, при врвот широко отворена и плодовите лесно испаѓаат. Лушпата е тенка, но доста цврста. Рандманот на јатката е доста висок дури до 58%. Оваа сорта на лешник успева во Македонија.

Советник Мирјана Милинг

РЕ Демир Хисар

Поврзани новости

Back to top button
casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet