fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Наутро студено со утринска магла по одделни котлини, попладне сончево со мала облачност

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Времето наутро во земјава ќе биде  ведро и студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во значителен пораст.

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close