fbpx
ВестиТоп вести

Сточари од битолско остварија средба со Методија Илиевски – раководител на ПЕ МЗШВ Битола

Раководителот на Подрачната единициа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Методија Илиевски одржа работна средба со членови од здружението на сточари „Орлови бари“ од Битола, предводени  од Никола Георгиев. Како што информираат од Министерството на средбата сатанало збор за актуелните состојби во  во сточарството и за идните планови на здружението со цел да се подобрат состојбите.

Раководителот на подрачната единица Илиевски ги пренесе насоките и уверувањата од Министерот за земјоделие Љупчо  Николовски за идните активности што се планира да преземат во сферата на сточарството.

На средбата се раговарало и за субвенциите кои треба да ги помогнат сточарите. Сточарите бараат зголемување на субвенциите , за што било разговарано  на последната средба со министерот. Според информациите од министерството биле поднесени барања за субвенции за 709 000 грла. Во последниов период се повеќе се зборува за намалување на сточниот фонд. За зголемување на субвенциите потребно е да се знае точен број на грлата. Сточарите се соочуваат со низа проблеми за чие решавање се надеваат дека ќе добијат помош од државата.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close