ВестиАгро бизнисМакедонијаТоп вести

Итна исплата на субвенциите за жито и сончоглед, бара Здружението “Фармери Југозапад”

Државата за стокови резерви ќе откупува пченица по 16,9 денари. Тендерот го доби фирма од Тетово, велат од здружението.

  • Здружението на земјоделци “Фармери ЈУГОЗАПАД” чии претседател е Миле Кебакоски, со соопштение.
    – Производителите на житни култури и сончоглед итно бараат исплата на субвенциите за 2025 година по основ на семенски матријал и по основ на остварен принос.Тоа се субвенции за посеаното во 2024 година а сега сме на прагот на 2027 година. Земјоделците се во незавидна финансиска ситуација поради ниската откупна цена на пченицата од 9,5 денари. Кога сме кај цената да кажеме дека државата за стокови резерви ќе откупува пченица по 16,9 денари. Тендерот го доби фирма од Тетово. Тоа е нашата пченица откупена летоска и складирана кај одредени откупувачи. Сето ова резултира со намалена есенска сеидба. Секако тука се и новите неповолни критериуми во Програмата за  субвенционирање. Апелираме до Министерот за земјоделие да не вклучи како здружение и нас во припремата на новата програма за 2027 година.  Со почит здрижение “Фармери Југозапад”

Поврзани новости

Back to top button