fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Секој жител на Раштак дневно троши по илјада литри вода

Според информациите од локалните жители, предизвикана е од злоупотреба на водата за полевање на земјоделските површини

Населеното место Раштак на територијата на Општина Гази Баба има проблеми со водоснабдувањето поради енормната потрошувачка на вода, бидејќи несовесни жители ја злоупотребуваат водата за наводнување. За да се стабилизира состојбата, јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ ги известува жителите на селото Раштак дека, во соработка со МЗ „Раштак“, ќе се воведе режим на водоснабдување во селото Раштак. Притоа, водата ќе се пушта за сите во целиот систем откако ќе се наполни цел резервоар, а по неговото празнење, за сите ќе се затвора. Притоа, периодите ќе бидат во траење од околу 3-4 часа.

Од претпријатието велат дека ситуацијата е алармантна и според информациите од локалните жители, предизвикана е од злоупотреба на водата за полевање на земјоделските површини. Директорот на претпријатието, Игор Атанасовски, вели дека дотокот на вода во резервоарите во Рашче е од 4 до 5 литри во секунда.

– АКО СЕ ПРЕСМЕТА, ЗА 24 ЧАСА, СЕКОЈ ЖИТЕЛ НА РАШЧЕ ТРОШИ ВО ПРОСЕК ПО 1.000 ЛИТРИ ВОДА, ОДНОСНО ПО 3.000 ЛИТРИ ОД СЕМЕЈСТВО. ПРОСЕЧНАТА ПОТРОШУВАЧКА НА ВОДА ВО СВЕТОТ И ВО ЕВРОПА Е ОД 170 ДО 200 ЛИТРИ ЗА ЛИЦЕ. ВО ГЕРМАНИЈА Е 150 ЛИТРИ ЗА ЛИЦЕ, А ВО РАШТАК СЕ ТРОШАТ ПО 1.000 ЛИТРИ ЗА ЧОВЕК, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ВОДАТА СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА – ДЕЦИДЕН Е АТАНАСОВСКИ.

Тој вели дека има информации оти на дел од линиите, жители наводнуваат површини од 2.000 квадратни метри со оваа вода, иако таа треба да се користи само за пиење. Директорот на претпријатието објасни за ВЕЧЕР дека Раштак досега имал стар систем за водоснабдување и оти со него управувале самите жители, односно МЗ „Раштак“

Дури 70% од корисниците во Сарај се приклучени на диво на водоводната мрежа

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека пивката вода се користи за наводнување бавчи, најмногу во Општина Сарај. Таму има и голем број диви приклучоци, кои не само што не плаќаат за водата туку и не се регистрирани во системот, а си ги полеваат нивните 24 часа на ден со водата од Рашче. Според податоците во јавното претпријатие, дури 70 отсто од корисниците во Општина Сарај се приклучени на диво на водоводната мрежа.

.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close