Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Изумрени риби во долниот тек на река Брегалница во Делчевско
Се работи за рибокрадство.
Изумрени риби попладнево се забележани во долниот тек на река Брегалница во Делчевско. За појавата алармираа сточари кои вршат испаша на домашни животни во атарот на селата Драмче и Бигла во близина на реката Брегалница.
Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство.
-Логично ваквата појава е од рибокрадци кои фрлаат динамит, кај Биглата нема од што друго да биде, истакна Симоновски.
Спортското риболовно друштво и здруженија на граѓани за утре најавија прес – конференција, на која ќе побараат одговорност за случајот, пренесува Независен.