fbpx
ВестиТоп вести

Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  започна со исплата на субвенции за тутун за реколта 2018- та година. Како што соопштуваат  од Агенцијата  на сметките на 26.776 тутунопроизводители  се исплатија над 27 милиони евра.  Уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.

На самиот старт од новата 2019  производствена реколта парите им се добредојдени на тутунопроизводителите.

Субвенциите се исплаќаат според новиот начин што МЗШВ  започна да го применува од реколтата  2017 и според неа  субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Во реколтата 2018-та се засеаја 14.802 хектари со тутун што е за 387 хектари повеќе од 2017та, а се склучија 34.104 договори или 4.700 договори повеќе од 2017-та година. Откупот на тутунот од реколтата 2018 заврши навреме, во рамки на законскиот рок. Се откупија над 25,2 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 214,24 денари за килограм.

Минатиот месец во Собранието помина Новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, а измените предвидуваат укинување на евидентните листови или т.н  „бели картони“, процес кој ќе започне да се применува од 2020 година.

 

З.Б.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close