вестиВино

Kинеските купувачи им доделија три медали на вината на „Тиквеш“

Првпат, три врвни вина на „Тиквеш“ освоија медали на најголемиот и од страна на купувачите најценет вински натпревар на азискиот континент, што се одржува во Хонгконг – Kина. На годинашниот China Wine и Spirits 2016, во конкуренција од над 5000 глобални вински брендови, златни медали освоија црвеното тероар вино „барово“ 2013 и белото вино „александрија куве“ 2015, а црвеното вино „александрија куве“ 2014 доби сребрен медал.

kineskite kupuvachi im dodelija tri medali na vinata na tikvesh

 

Kарактеристично за овој реномиран вински натпревар е тоа што медалите за најдобрите вина на натпреварот ги доделуваат вински судии кои се претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјалнизирани продавници и трговски ланци во Kина, кои точно знаат што сакаат потрошувачите на кинескиот пазар.

„Фактот што на овој натпревар изборот на наградените вина го прават оние што ги прават и нарачките не` охрабрува дека овие освоени медали ќе имаат големо значење во зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски, напоменувајќи дека очекува овие награди да „ги подотворат вратите на кинескиот пазар и за останатите квалитетни македонски вина“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close