fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести

Јадете по една лажица мед секој ден? Еве што се случува со организмот

Истражувањата покажаа дека консумирањето мед наместо производи полни со сахароза има подобри ефекти и резултира со помала тежина. Покрај тоа, апчиња за контрола на телесната тежина имале полоши резултати од медот. Значи, само природно!

Ако редовно консумирате малку мед, наскоро ќе ги почувствувате сите негови позитивни ефекти. Пред нас е период на дожд и постудено време, што значи и уживање во чаеви, па нема причина да му кажете „не“ на медот. Богат со лековити состојки, овој деликатес отсекогаш се користел за медицински цели.

Медот е одлична, ако не и најдобра алтернатива на шеќерот, па затоа е прва препорака на нутриционистите и експертите. А ако веќе не сте одлучиле да го вклучите во толкава мера во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за една лажичка мед секој ден – оваа едноставна рутина има бројни придобивки за нашето тело.

Го зајакнува имунитетот

Полн со антиоксиданси и антибактериски својства, медот е вистинскиот начин за зајакнување на имунитетот кој е компромитиран од недостаток на сон, несоодветна исхрана и многу стрес.

Ја чисти кожата

Медот ги чисти, штити и лекува раните и се користи за нега на кожата насекаде низ светот. Содржи различни протеини како и водород и глуконска киселина, кои лекуваат мали рани и акни. Неговите амино киселини го регенерираат ткивото и ги одржуваат цврсти поткожните влакна. Покрај тоа, тој е богат со мелатонин, кој нашето тело го ослободува за време на спиењето и кој и помага на кожата да изгледа поздраво.

Помага во детоксикација на телото

Секој ден нашето тело е под влијание на штетните токсини кои ги внесуваме со храна и пијалоци. Сепак, секојдневното консумирање мед може да ни помогне во детоксикацијата. Полн е со флавоноиди, вистинска ризница на здравјето, кои служат за ублажување на нерамнотежата на радикали, токсини и антиоксиданси во телото што доведува до оштетување на ткивото.

Го убива вишокот килограми

Можеби медот со сите негови калории звучи како необичен начин за слабеење, но всушност многу помага. Истражувањата покажаа дека консумирањето мед наместо производи полни со сахароза има подобри ефекти и резултира со помала тежина. Покрај тоа, апчиња за контрола на телесната тежина имале полоши резултати од медот. Значи, само природно!

Го намалува нивото на анксиозност и стрес

Само затоа што на овој начин влијае на сонот, медот ќе го намали и нивото на стрес со кој се среќаваме секој ден, бидејќи ќе ви овозможи доволно квалитетен сон.

Го намалува нивото на холестерол

Високото ниво на холестерол може да биде фатално, предизвикувајќи срцев удар и мозочен удар. И редовното консумирање мед го ограничува скокот на гликозата во крвта и го намалува вкупното ниво на холестерол и триглицериди, покажа студијата.

Ја подобрува меморијата и здравјето на мозокот

Холестеролот во телото може да влијае и на болестите на мозочниот систем и да доведе, на пример, до Алцхајмерова болест. Сепак, редовното консумирање мед го намалува нивото на холестерол, а со тоа го одржува вашиот мозок поздрав.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close