fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Лозари бараат помош и поддршка од Министерството за земјоделство за повисоки откупни цени на грозјето

Во пресрет на гроздоберската сезона, тие реагираат дека не можат да се договорат околу условите за купопродажба на грозје, со  најголем дел од винарските визби.

Лозари бараат помош и поддршка од Министерството за земјоделство за повисоки откупни цени на грозјето. Во пресрет на гроздоберската сезона, тие реагираат дека не можат да се договорат околу условите за купопродажба на грозје, со  најголем дел од винарските визби.

-Стопанисувам со триесет хектари под лозов насад. Годинава има добар род и нема болести по гроздовите зрна. Но како и секоја година, најголем дел од винарниците тактизираат околу цените за килограм грозје и не склучуваат договори за откуп со нас лозарите. Има и такви кои склучуваат договори и нудат донекаде  прифатливи цени, но тие бараат мали количини и кој попрво да го однесе грозјето кај нив, рече лозарот Стефан Стојчев од кавадаречкото село Сопот.

Во изјава за МИА, тој нагласи дека дополнителен проблем им било тоа што откупувачите на грозје засега имале намален интерес за родот од најзастапената црна сорта, ,,вранец”.

-Наше лично мислење е дека пандемијата од коронавирус е виновна за тоа. Поради намалените дружби, имало залихи од црвено вино, а во топлите месеци поголема е побарувачката за бело вино. Затоа и годинава, барем засега, поголем е интересот за бело грозје, додаде Стојчев.

Тој се пожали дека трошоците за лозаропроизводство се зголемени, а како што рече, лозарите немаат никаква печалба.

-Всушност, ниту трошоците не можеме да ги покриеме со вакви цени, години наназад. Јас сум млад регистриран земјоделец, имам 33 години и мојата фамилија живее од земјоделство. Но, поради проблемите кои лозарите ги имаат со години со најголемиот дел од винариите, сметам дека ќе се намалува бројот на младите лозари, дециден беше Стојчев, кој стопанисува и со 33 хектари под житарици, осврнувајќи се и на проблемите што го следат и тоа производство.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close