Јосифовски рекордер во производство на тиква

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

josifovski rekorder vo proizvodstvo na tikva

Јосиф Јосифовски од битолското село Кравари од 2005 година се занимава со производство на индустриска тиква. Вели дека започнал пробно, но искуството покажало дека заради трендот на здрава храна, семките од тиквите се барани на пазарот. Во последните неколку години вели дека веќе има рекордни приноси од индустриска тиква. Само оваа година има 70 тони род.

Јосифовски вели дека семките од тиква имаат добра малопродажна цена бидејќи истите се бараат од здравствени и нутритивни причини, додека самата тиква се користи како добиточна храна. Јосифовски користи семенски материјал од Турција, а во производството на тиква е вклучено целото негово семејство.