вестиТоп вести

Како да препознаете и спречите вирусна пневмонија кај говедата?

Постојат низа фактори кои можат да влијаат на заболување на респираторниот тракт. Вирусната пневмонија или воспалението на плуќата, кај говедата во тешки облици, може да доведе до изумирање на грлата. Како би се спречило умирањето, многу е важно, да се знае како да се препознаат симптомите и кои мерки да се превземат.

Вирусната пневмонија може да се појави кај телиња стари – 6 месеци, јунците и возрасните говеда. Најчести предизвикувачи на заболувањето се аденовируси, параинфлуенца – 3 вирус и инфективен бовинов ринотрахеит вирус. Воведувањето на новокупени млади животни, може да внесе инфекција помеѓу говедата.

Симптоми

Независно од видот на вирусот, клиничката слика на вирусната пневмонија е слична и се карактеризира со покачена телесна температура, сериозно мукозен исцедок од носот и усната шуплина, кој подоцна може да биде и пурулентен (гноен). Кашлицата е еден од симптомите на болеста, кој може да се појави кај заболените единки. Со надоврзување на секундарни бактериски инфекции, симптомите на болеста, може да се зајакнат и да доведат до смрт.

Дијагноза

Дијагнозата се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, а за идентификација на предизвикувачот, потребен е и лабораториски преглед.

Терапија не е потребна кај некомплицираната вирусна пневмонија, додека кај секундарната бактериска инфекција, неопходен е антибиотски третман. Во ситуациите со тешка општа состојба, потребна е помошна терапија, гликоза со физиолошки раствор и истовремено витаминско – минерален третман.

Заштита од болеста

Профилаксата се состои во сузбивање на делувањето на поединечни групи на етиолошки фактори. Просториите во кои ќе бидат сместени животните, треба да се исчистени, дезинфицирани и потоа наполнати истовремено со грла од иста старост и категорија.

Ако за гоење се собираат телиња од различни страни, без превземени мерки на здравствена заштита, при одбирање, треба да се внимава, таквите грла да се чуваат и до 15 дена во одгледувачница пред да се внесат во товилиштето и најдобро е тогаш да се вакцинираат.

Кај вакцинацијата, кај телињата помлади од 6 месеци, се препорачува ревакцинација, за да се постигне имунитет на подолг период.

Ако се појави заболување, потребно е веднаш да извршите клинички преглед на сите животни и болните да ги издвоите од здравите. Просториите во кои престојувале болните и сомнителните животни, потребно е веднаш да се дезинфицираат. После завршениот тов , се препорачува, објектот да се испразни, темелно да се исчисти и да се дезинфицира за следната тура.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close