вестиТоп вести

Како жените земјоделки може да искористат неповратни 3000 евра?

 

Ј А В Е Н П О В И К б р . 0 7 / 2 0 1 9
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
    Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:
  2. КОРИСНИЦИ

Право на користење на средства имаат следните субјекти:
Субјекти Код на мерка
Земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот
регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство,
шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој
Мерка 115

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Средствата се наменети за инвестиции предвидени со Програмата за финансиска поддршка на
руралниот развој за 2019 година.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 115 изнесува 180.000,00
денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на
годишно ниво.
ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ

Код на мерка Назив на мерка
Максимална вредност
на прифатливи трошоци
по корисник
115
Активен женски член во земјоделското
домаќинство
до 180.000,00 денари
прифатливи трошоци по
поединечен корисник
АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по
различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2019 година.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
– Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година („Службен
весник на Р.Македонија“ бр. 23/19, 32/19, 106/19, 113/19, 153/19, 181/19 и 232/19)
– Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10,
53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16,
163/16, 74/17, 83/18 и 27/19)
– Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален
развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19 и
215/19) и
– Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за
рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите
трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр.
124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19 и 214/19)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска
поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски
да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 115.
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерка 115 се рангираат со
бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките
за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19
и 215/19)
– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на
поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
– Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување
на Договор за ко-финансирање со Агенцијата
– Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се
разгледуваат.

 

Слични написи

Back to top button
Close