ФАО ценовниот индекс на храната – стабилен во август

06 септември 2018 година, Рим – ФАО индексот на цените на храната остана стабилен во август, со пораст на цените на житариците, а пад на цените на растителното масло и шеќерот .

Месечниот индекс, објавен денеска, во просек изнесуваше 167,6 поени во август, речиси непроменет од ревидираната проценка за јули и 5,4 отсто под нивото во август 2017 година.

ФАО индексот на цените на житни култури се зголеми за 4,0 отсто во текот на месецот, при што цените на пченицата растеа двојно повеќе поради влошените изгледи за житните култури во Европската Унија и во Руската Федерација. Извозните цени за пченка се зголемија за повеќе од 3,0 отсто, додека цените на оризот се намалија во текот на месецот.

ФАО индексот на растително масло се намали за 2,6 проценти од јули,  приближувајќи се до тригодишното ниско ниво, како што извозните цени на палминото, сончогледовото и маслото од соја опаднаа за време на поволните трендови на производство, како и при слабата глобална побарувачка за увоз на палмино масло.

ФАО индексот на цените на млечните производи го достигна својот трет последователен месечен пад во август, опаѓајќи за 1,5 отсто во услови на релативно мали количини на сезонското производство. Додека сушите може негативно да влијаат на растот на производството на млеко во делови од Европа и Австралија, изгледите за пораст на производството во Нов Зеланд се подобруваат.

ФАО индексот на цените на шеќерот опадна за 5,4 отсто од јули за да достигне најниско ниво за една деценија, главно поради континуираниот пад на валутите на големите извозници Бразил и Индија.

ФАО индексот на цените на месото остана во голема мера непроменет во текот на месецот, со оглед дека извозните цени на свинско и овчо месо пораснаа при големиот интерес за увоз од Кина, што го надомести падот на цените на живината и на говедското месо заради извозниот притисок од Соединетите Американски Држави.

Нови прогнози за светското производство на житни култури

ФАО во моментов предвидува глобалното производство на житни култури во 2018 година да достигне 2 587 милиони тони, нешто повеќе од предвидувањето од јули, но сепак на ниско тригодишно ниво и за 2,4 проценти под рекордното ниво од минатата година.

Најновиот Извештај за понуда и побарувачка на житни култури, исто така објавен денеска, ја намали за 14 милиони тони светската прогноза за производство на пченица за оваа година, која сега изнесува речиси 722 милиони тони, најниска од 2013 година. Сувото и топлото време го интензивираше падот на приносот низ цела Европа.

Од друга страна, светското производство на цели зрна беше ревидирано за 15 милиони тони од јули, со подобрени перспективи за пченка во Кина, Украина и Соединетите Американски Држави, поголеми од очекуваните намалувања на производство во Европската Унија и Руската Федерација. ФАО сега очекува производството на цели зрна во 2018 да биде скоро 1 354 милиони тони, што е за околу 2,6 проценти под нивото од 2017 година. Во меѓувреме, производството на ориз на светско ниво се очекува да порасне за 1,3 отсто во однос на претходната година и да достигне нов рекорд од речиси 512 милиони тони во 2018 година, со оглед на порастот на производството во Бангладеш, Виетнам, Шри Ланка и САД.

ФАО ги зголеми прогнозите за светската искористеност на житото на 2 648 милиони тони, во голема мера поради зголемената понуда на пченка за добиточна храна и индустриска употреба и жетвата на ориз.

Исто така, се намалуваат и житните резерви – особено во Кина, Европската унија и Руската Федерација, а глобалниот сооднос на житниот фонд се очекува да се намали на 27,3 отсто – ниско ниво веќе петта година по ред.  Прогнозата за светска трговија со житарици во сезоната 2018/2019 година е ревидирана до речиси 414 милиони тони, околу 1,5 проценти подолу од рекордно високото ниво во претходната година.

 


 

denar.mk

Share Button