вестиТоп вести

Нова генерација – нови производи

Македонското поднебје е простор кој природата го надарила со многу убавини. Природа, Сонце,  вода, земја кои покрај штетните делувања од страна на човекот, создаваат убави производи. Кога ќе се направи спој на  овие  производи со креативните идеи на новата генерација, се добива нов производ.

„Леска“  – путер од лешник е токму таков производ чиј креатор Пеце Клечкароски од Струга. Кога го запрашавме што е по професија, одговори, готвач и музичар. Во последно време повеќе е свртен кон готвењето и веројатно „Леска“ е неговата прекрасна музика. Природен производ, намаз, кој се базира на путер од лешник во различни варијанти.

„Целата палета е преку 50 вкусови кои зависат од сезоната. Во зимно време имаме намази комбинација  на путер со лешник и печена тиква, со џем од шипки итн. Летно време има  со вкус  од јагода итн. Со се она што го нуди сезоната. Секако ги имаме и оние стандардни чоколадни вкусови на бело и темно чоколадо, ф’стак. Големо шаренило на вкусови кои наскоро ќе се најдат во чоколатеријата „Леска“, објаснува Пеце Клечкароски.

За сега Пеце производите  на потрошувачите им ги доближува преку социјалните мрежи. Задоволен е од целокупниот процес на создавање на овој нов производ. Смета дека на овие простори има многу потенцијал, но уште треба да се развива  кулинарската сцена и дека допрва ќе излегуваат креативни приказни. За  да се поттикне таа креативност потребна е поддршка од државата.

„Државата треба да ги стимулира креативците  на различни начини.  Да ги пронајде малите занаетчии кои ги има низ државата и финансиски да ги поддржи  и да ги промовира. Има многу добри луѓе, посебно во Источна Македонија, кои произведуваат одлични производи. Ме радува што во последните години се јавува сцена каде што може да се изразуваат луѓето креативно. Нова генерација –  нови производи“ посочува Пеце Клечкароски од Струга.

П. Јовановска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close