Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Во Македонија утрово има појава на магла која има тенденција по котлините долж повардарието да се задржи во поголем дел од денот. Во останатите предели ќе биде претежно сончево и топло. Слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -9 до 1 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

kakvo vreme da ochekuvame vo tekot na ovaa rabotna nedela
Во периодот од вторник до петок ќе преовладува претежно сончево и топло време, а по котлините и долините на реките ќе биде магловито и ќе има појава на ниска облачност. Во вторник дневните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а во среда тие ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени. Во четврток претежно сончево време и максимални температури од 6 до 17 степени. Во петок се очекува пад на утринските температури од -4 до 4 степени, а максималните од 6 до 15 степени.