fbpx
Агро бизнисВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести

Општина Карпош прогласена за најеколошка општина за 2020 година

Помеѓу трите најеко општини се најдоа и Општина Кочани и Општина Крива Паланка.

Општина Карпош е победник на „Изборот за Најеколошка општина“ за 2020 година, преку конкурсот кој традиционално го распишуваат „Пакомак“ и „Балкан еко“ институт. Покрај Карпош како победничка општина, помеѓу трите најеко општини се најдоа и Општина Кочани и Општина Крива Паланка.Сите три општини ќе бидат наградени од страна на Пакомак и Шпаркасе Банка за нивните резултати постигнати во текот на минатата година.

Како што информираат организаторите, финалното оценување на конкурсот било спроведено преку неколку претходно пропишани критериуми, меѓу кои, количината на собран селектиран отпад од пакување, од домаќинствата, деловните субјекти и училиштата, број на нови контејнери за селекција на отпад поставени на јавните површини, висината на средства во општинскиот буџет предвидени за екологија во тек на 2020 година, бројот на реализирани еко-проекти и бројот на јавни кампањи спроведени од општината за подигање на свеста за екологијата.

Општините Карпош и Кочани како прво и второ рангирани ќе добијат детски игралишта изработени од еколошки материјали, а Општина Крива Паланка како треторангирана ќе добие садници.

Целта на конкурсот е да се мотивираат општините и локалните самоуправи активно да работат кон обезбедување на здрава и чиста животна средина, но и да се наградат оние кои се истакнуваат во тој погледhttps://nezavisen.mk/opshtina-karposh-proglasena-za-najekoloshka-opshtina-za-2020-godina/

 

 

 

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close