Календар на земјоделецот за месец СЕПТЕМВРИ СТОЧАРСТВО

Овчарство
По изгледот / надворешноста на овците се проценува здравствената состојба,
насоката на користење и нивната продуктивност. Надворешните карактеристики кај
одделните раси се различни. При купување на возрасни единки, нормално
надворешноста може многу да покаже за продуктивноста на овците.
– Овци за млеко
Овците за млеко се со долга и тесна глава, ушите се големи и странично
распоредени. Телото е со издолжена форма. Грбот е прав и долг, но тесен, како круп
не е доволно широк. Вимето е жлездесто и добро развиено, а боските се издолжени.
Гледано од земја животното има крушовиден изглед со широк заден дел.
– Овци за месо
Кај овците за месо телото има приближно паралелопипедна форма. Предниот дел
е просечен, а задниот дел од телото е развиен и добро поврзан. Вратот е краток,
широк и добро мускулест, а гребенот, грбот и крстот формираат права линија и исто
така се широки.
– Овци за волна
Најмногу карактеристично за нивната надворешност е дека главата на овцата е
средно голема обрасната повеќе или помалку со волна. Кожата е добро развиена,
густа и образува набори. Волната која расте на неа, е тенка и варира во должина.
Треба да се напомене дека овие типични надворешни знаци не може да бидат
карактеристики за многу современи раси кои се за комбинирана употреба. Многу од
расите се од преоден тип и се комбинираат на пример,овци за млеко, за месо и за
волна.
Говедарство
Редовните оплодувања на јуниците и кравите е гаранција за профитабилноста
на фармата.
Економската корист од одгледувањето на јуници е првото оплодување да се
изврши на 15-18 месечна возраст, по постигнување на 75-80% од тежина на нивните
мајки. Кај кравите најпрофитабилно е ако периодот помеѓу две телења изнесува 365
дена. Така од секоја крава се добива по едно теле годишно. Ова се постигнува кога
кравите по телење ќе се оплодат до 80-тиот ден. Најтешките раѓања и задржувањето
на плацентата се причина за подоцнежен проблеми кај оплодувањето. Ако до 50-60
ден. по телењето животните не се оплодени, треба да се побара помош од
ветеринарен специјалист и да се утврди причината. Важен момент при оплодувањето
на кравите е навремено откривање и утврдување на оптималниот момент за
оплодување. Пожелно е оплодувањето да се врши преку вештачко оплодување од бик
со познато потекло и продуктивност на генерацијата.

 


 

agencija.gov.mk

Share Button