
Агро бизнисВестиТоп вести
Министерот Серафимовски најавил присуство на протестот во Струмица за откупот на пиперката „ајварка“, објави „Месно здружение на млади Муртино“
Организаторите велат дека јавно ги повикаа министерот за земјоделие, градоначалниците од Струмичкиот регион и премиерот на државата.
Министерот за земјоделие Борче Серафимовски денеска најавил присуство на протестот на производителите на пиперката – куртовска капија што е закажан за 11 часот во Струмица, објавија на Фејсбук страната организаторите „Месно здружение на млади Муртино“
„Драги земјоделци и поддржувачи, само што добивме информација дека на денешниот протест во 11:00 ќе се појави и министерот за земјоделие Борче Серафимовски.
За појаснување во една од нашите претходни објави јавно ги повикавме министерот за земјоделие, градоначалниците од Струмичкиот регион и премиерот на државата.
Дојдете во што поголем број и јавно во четири очи претставете ги проблемите кои го засегаат земјоделецот“ .
Денешниот протест е поради повторното намалување на откупната цената на „ајварката“, односно на враќањето на истата цена од 25 денари за килограм пиперка како што беше и пред да почнат протестите на почетокот на август.




