Ке се формира ново Здружение на лозари во Кавадарци

lozari

Во петок, 26.јануаруи 2018 година  во 17 часот по иницијатива на група лозаропроизводители и градоначалникот Митко Јанчев се организира  трибина за формирање ново здружение на лозаропроизводители.

Трибината е закажана да  се одржи во Дом на култура Иван Мазов Климе. Ќе биде присутен Градоначалникот Митко Јанчев, претставници од винарските визби, пратениците од Кавадарци и лозаропрозиводители.Оваа трибина има за цел отворено да се разговара за сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците стовремено  да добијат и ново Здружение кое ќе функционира поефикасно и кое ќе ги застапува нивните права.Организаторот  ги поканува  сите кои сакаат да присуствуваат на оваа трибина.


 

бриф.мк

Share Button