ВестиВино

Врвните македонски вина инспирација за најпознатите светски поети

Продолжува партнерството на „Тиквеш“ со Струшките вечери на поезијата (СВП). И на годинашното 55. јубилејно издание на СВП, една од најреномираните светски поетски манифестации, врвните македонски вина на „Тиквеш“ беа инспирација за поетите од целиот свет.
vrvnite makedonski vina inspiracija za najpoznatite svetski poeti
Како што соопшти винарската визба, своите импресии ги овековечија над 100 поети, запишувајќи дел од песните на етикетите од вината на „Тиквеш“ кои ќе останат потсетник и сведоштво за уникатниот спој на литературната уметност и виното.
Прво место на натпреварот „Тиквеш in vino veritas“, освои австралискиот поет со полско потекло, Алекс Сковрон.
– Врвните вина, како и поетските творби, се вистински уметнички креации во кои се вградени многу страст и емоции. Ние сме посебно горди што нашите вина се составен дел од Струшките вечери на поезијата. Со тоа авторите и љубителите на литературната уметност од целиот свет имаат можност да се уверат и посведочат дека македонските врвни вина се инспирација за врвна поезија, вели генералниот директор на „Тиквеш“ Игор Илиевски.
Ова не е првпат најпознатите светски поети да учствуваат во создавањето на автентичната македонска винска приказна. Создавањето на најпознатиот македонски вински бренд – виното „Т’га за југ“, кореспондира со почетоците на Струшките вечери на поезијата. Ова квалитетно црвено вино на „Тиквеш“ од сортата вранец, го добило своето име во далечната 1973 година од поетите кои вкусот, бојата и аромата на ова вино ги асоцирале на Македонија, на емоцииите, топлината на луѓето и земјата. Затоа предложиле да се вика „Т’га за југ“, исто како елегиската песна на Константин Миладинов која е обележје на Струшките вечери на поезијата и со која се отвора и затвора оваа меѓународна поетска манифестација.

Поврзани новости

Back to top button
superbet   superbet   superbet   superbet   superbet   süperbet   süperbet   süperbet   süperbet   süperbet   tümbet   tümbet   tümbet   tümbet   tümbet   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   slotbar   slotbar   slotbar   slotbar   slotbar   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   slotbar   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   slotbar   slotbar   slotbar   slotbar   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   sahabet   sahabet   sahabet   betkanyon   betkanyon   rexbet   rexbet   bahisnow   bahisnow   fixbet   fixbet   matadorbet   matadorbet   holiganbet   fixbet   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin