Агро бизнисБез категоријаВести

Силен дожд поплавени улици во Битола

Градоначалникот свика кризен штаб

Пороен дожд попладнево ја зафати Битола, поплавени се улици и подруми.  Невремето беше проследено со силни електрични празнења. Поплавени беа улици низ центарот на градот, подруми и дворови во пониските делови од Битола. Сообраќајот беше отежнат од надојдената вода. Градоначалникот Тони Коњановски за денес во 18:00 часот свика општински кризен штаб поради  интензивните врнежи на дожд кои ја зафатија Битола.
“Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд” порача Коњановски. Сега ситуацијата се стабилизира.
Нема достапен опис.

Поврзани новости

Може ќе ве интересира
Close
Back to top button