Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Киро Ристевски потврдува – Над 26 милиони килограми тутун се откупија во прва класа

Годинава просечната цена за откупен тутун изнесува 418 денари за килограм

Претседателот на Сојузот на тутунопроизводители –  Киро Ристевски за „Зелена берза“ официјално потврди дека во реколтата на тутунопроизводство 2025, откупени се вкупно 26.236.000 килограми тутун по просечна цена од 418 денари за килограм.

Откупот на тутунот законски траеше до 28 февруари.

Ристевски даде и официјални податоци колку тутун и по кои класи е откупен. Високи 98 проценти од тутунот бил вреднуван во права класа.

Количини по класи:

1 класа 25.675.000 кг тутун или во проценти 98%

2 класа 341.000 или во проценти 1,3%

3 класа 178.000 или во проценти 0,6% и

допунска 41.000 во проценти 0,1%

 

Анета Блажевска

 

 

 

 

Поврзани новости

Back to top button