fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Коалицијата Влен – Поддршка за земјоделците – издвоени 1 милијарда денари за останати субвенции

Земјоделците чекаат дури 4 години за субвенции

Коалицијата Влен продолжува да стои цврсто зад земјоделците, нашите херои кои се темел на економскиот развој. Владата издвои една милијарда денари за исплата на заостанатите субвенции, со што 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства, велат од Коалицијата Влен.

„Многу од овие храбри луѓе чекаа дури 4 години за поддршка, но со нашата прва одлука, преку ребалансот на буџетот, обезбедивме средства за да ја исправиме оваа неправда. Наша обврска е до крајот на годината да нема повеќе задоцнувања во исплатата на субвенциите, за да може секој земјоделец да работи без стрес и неизвесност. Коалицијата Влен е тука да им овозможи на земјоделците стабилност и поддршка, за да можат да се фокусираат на она што најдобро го знаат – да произведуваат и да обезбедуваат благосостојба за своите семејства и за нас. Нашето домаќинско работење и одговорноста кон граѓаните ќе резултираат во значајна поддршка за земјоделското производство и развој на економијата. Влен е симбол на нова надеж и доверба во институциите. Ние сме тука да исправиме неправди и да осигуриме дека нашите земјоделци го добиваат она што го заслужуваат. Заедно, ќе изградиме иднина во која земјоделците ќе бидат почитувани, поддржани и вреднувани како што заслужуваат“, се вели во партиското соопштение.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close