fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМлад земјоделец

Кој им украде 25 милиони евра на лозарите?

Лозарите во Македонија имаат исклучително тешка и траорна година, пишува Фактор.мк.

Жителите на Тиквешијата се соочуваат со невиден егзистенцијален  притисок кој во момент може да експлодира во социјална револуција. Малку ли им беше неизвесноста од банкротот на „ФЕНИ“ од кој на конце висат 800 семејства и многу локални фирми? Капак е пропадната лозарска сезона во која дождот и сушите однесоа во неповрат род вреден над 20 милиони евра, пишува Факторhttps://faktor.mk/

Лозарите во Македонија имаат исклучително тешка и траорна година. Земјоделците кои живеат од производство на грозје се соочуваат со сиромаштија откако нивниот овогодишен род пропадна. А и тоа што можеше да се набере и продаде е со ниска цена заради квалитетот.

Официјалните бројки се немилосрдни и покажуваат дека откупот на грозје во август и септември годинава е само 7 отсто во споредба со истиот период 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Дождливата пролет и сушното лето направија годинава родот на грозје да биде осакатен по винските региони во земјава и при тоа особено беше погодена Тиквешијата срцето на винска Македонија.

Во периодот јули, август и септември лозарите продале само 25.440 тони грозје. Тоа во споредба со истиот период лани е ниво на статистичка грешка. Затоа што лани во овој период македонските лозари продале над 361.000 тони грозје.

Годинава август бил месец што ќе остане како очаен односно најслаб период за берба и предавање грозје. Затоа што биле откупени само 1.350 тони грозје што е 2,8 пати помалку од лани. Но тоа не е најлошото! Хоророт доаѓа во септември кој традиционално е месец на гроздоберот. Предадени се само 24.000 тони грозје. А тоа е помалку од 7 отсто од откупеното грозје лани кога во сепмтеври лозарите предале 357.000 тони грозје.

Колку пари толку музика!

Годинава од гроздоберот лозарите наплатија помалку 10 милиони евра за перодот јули, август и септември. И тоа не се случило никогаш порано.

Претходната година од продажба на грозје само во септември лозарите наплатија 30 милиони евра! Истиот месец годинава вредноста на откупеното грозје изнесува 8 милиони евра.

Официјалните податоци за ДЗС покажуваат дека лозарите годинава се банкрот. А особено се погодени земјоделците од Тиквешијата затоа што нивната егзистенција е сериозно нарушена дополнително и со неизвесноста и стравот од затворањето на „Еуроникел индустри“ (поранешен ФЕНИ) најголемата индустрија во тиквешкиот регион.

Останува да видиме дали од надлежните инстанци ќе добијат некаква помош и поддршка. Во секој случај за да ги пребродат претстојните тешки зимски месеци ќе треба да посегнат по нивните залихи од претходни години и да ги продадат во зорт без да има простор да се пазарат за цена.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close