fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Која е реалната цена на килограм тутун-ќе има ли корекции на откупните цени?

Имаме неофицијални информации дека деновиве се припремаат анекс на договорите со корекција на откупните цени од страна на откупните претпријатија па затоа ред е да се слушне и нашето мислење, велат од Националната мрежа на земјоделци

Почитувани тутунопроизводители!!!

Како Национална земјоделска мрежа, искажавме јавен став дека овогодишната просечна откупна цена по килограм тутун не смее да биде под 600 денари. Како аргументи ќе ги наведеме драстично намаленото производство, енермното покачување на производните трошоци, како и растот на животните трошоци, притоа не смееме да ја заборавиме двоцифрената инфлација во државата.

Пред некој ден споделивме информација дека во соседна Србија имаме откупна цена на крупнолистен тутун од сортата Вирџинија по 300 мк ден за килограм.

Во ова прилика сакаме да упатиме ЈАВЕН ПОВИК до сите тутунопроизводители, јавно да го искажеме нашиот став и Вашето лично мислење околу прашањето – Колку вреди вашиот макотрпен труд? Која е реалната откупна цена по килограм произведен тутун?

Почитувани социјалните мрежи се една моќна алатка и верувајте нашите ставови, коментари, критики, внимателно ги следат надлежните институции, откупните фирми и останати субјекти. Имаме неофицијални информации дека деновиве се припремаат анекс на договорите со корекција на откупните цени од страна на откупните претпријатија па затоа ред е да се слушне и нашето мислење. Повелете слободно како производители во коментар ЈАВНО и без пардон да им кажеме која е реалната цена на нашиот труд Националната земјоделска мрежа е организација на земјоделците и секогаш ќе биде во функција на земјоделците.

Национална земјоделска мрежа-претседател Горѓи Каракашев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close