Колева: Рекордна искористеност на ИПАРД Програмата, нови 97 милиони евра преку ИПАРД 3
За дополнително да се зголеми интересот и реализацијата на проекти, со новата ИПАРД 3 Програма предвидуваме можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка.
„Со одговорниот и домаќински пристап на институциите предводени од СДСМ, успевавме Македонија да ја направивме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД Програмата. Од држава која огромен дел од средствата од европските фондови не ги користеше и ги враќаше назад, денес речиси и да нема општина каде не се реализирал или е во реализација некој проект финансиран од ИПАРД“, на денешната прес-конференција, пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.
Таа нагласи дека Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од 80 милиони евра од кои 60 милиони се од Европската Унија преку ИПАРД 2 Програмата, а 20 милиони евра се национално кофинансирање.
„За ИПАРД 3, ЕУ на нашата земја ѝ одобри 97 милиони евра, додека заедно со кофинансирањето од државата и апликантите, вкупната вредност на Програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства кои треба да се реализираат во следните 7 години.
За дополнително да се зголеми интересот и реализацијата на проекти, со новата ИПАРД 3 Програма предвидуваме можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка.
Она што треба да се напомене е дека ова се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме, а со нив ќе се финансираат проекти во земјоделството, во инфраструктурата, во нови работни места и локален економски развој.
Сето ова почитувани, е потврда колку е важна нашата интеграција во ЕУ.
Со почетокот на преговорите, со отворањето на првите поглавја, средствата од европските фондови дополнително ќе се зголемат, тоа значи повеќе пари за нови капитални проекти, за развој, за поддршка на отворање нови бизниси и за проширување на веќе постоечките.
Затоа, како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на потребните реформи, на мерки и политики што значат европеизација на нашето општество“, истакна Колева.