вести

Колку чини една краварска фарма?

kravi

Според пресметките изградбата на една фарма за 30 молзни крави чини скоро 150.000 евра. Состојбите со движењето на цените на пазарот со млеко велат дека ваквата инвестиција може да се врати за 5 години. Дополнително олеснување е и субвенционирањето на ваквите капацитети со 60 проценти од прифатливите трошоци.

Изградаба и опрема на фарма за 30 молзни крави во моментов чини скоро 150.000 евра. Со производство на млеко, телиња, арско ѓубре и добиените субвенции, математиката вели дека инвестицијата може да се врати за 5 години.

Ова го покажуваат направените пресметки на ресорното министерство за проектот  за бесплатните технички планови за фарми. На основната цена земјоделците можат да побараат и неповратни средства од 60 до 80 проценти од двете финансиски програми, односно од европскиот ИПАРД 2 фонд и од Програмата за рурален развој. Доколку користат банкарски кредити, можат да аплицираат и за 50 проценти субвенции за каматата ако каматната стапка не е поголема од 8 отсто.

Состојбата со сегашните краварски фарми не е најповолна. Најголем број се импровизирани или адаптирани објекти, блиску до семејните куќи, со мал капацитет и несоодветни услови за производство на квалитетно млеко.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close