fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиТоп вести

Пукната цевка во селото Буковиќ, поплавени се повеќе од дваесет куќи

Според ЦУК потребно е ангажирање на дополнителни пумпи за испумпување на вода и багер за да може да ја пренасочи водата во друг правец и да не дојде до поплавување на други куќи

Според ЦУК потребно е ангажирање на дополнителни пумпи за испумпување на вода и багер за да може да ја пренасочи водата во друг правец и да не дојде до поплавување на други куќи, како и за откривање на дефектот од каде што истекува водата за да може да се интервенира на истиот.

Доцна синоќа во селото Буковиќ, пукнала цевка од која истекло големо количество вода и се поплавиле околу 20-30 куќи, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде велат дека вработен во Општина Сарај алармирал преку бројот за итни случаи 112. Улиците се целосно под вода, а од страна на општината ангажирале пумпи за испумпување на вода.

Според ЦУК потребно е ангажирање на дополнителни пумпи за испумпување на вода и багер за да може да ја пренасочи водата во друг правец и да не дојде до поплавување на други куќи, како и за откривање на дефектот од каде што истекува водата за да може да се интервенира на истиот.

„За настанатата состојба известени се Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ), ЈП ‘Водовод и канализација’, Дирекција за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи. Од ЈП ‘Водовод и канализација“ известиле дека се излезени на терен за да се утврди за каква цевка се работи и интервенираат во санирање на штетите. БППЗ на Град Скопје со едно противпожарно возило и пумпи за испумпување на вода се отидени во село Буковиќ се со цел да се санираат штетите“

соопшти ЦУК.

Oд ЦУК информираат дека водата од цевката е престаната да тече и се работи на испумпување на водата од улиците и куќите.

Куќите на жителите во селата Буковиќ и Ласкарци беа поплавени и во текот на претходното деноноќие по поројните дождови. Екипи од општината и во текот на вчерашниот ден ги чистеа улиците од вода и кал.https://360stepeni.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close