Куратица лидер во развојот на руралниот туризам

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

kuratica lider vo razvojot na ruralniot turizam

Македонските села магнет за туристите. Во охридскиот регион лидер во развојот на руралниот туризам е селото Куратица каде туристите уживаат во органската локална храна, чистиот воздух и живописната природа. Ова село веќе им е познато на холандските туристи кои во лето одат таму на организирано сафари со магариња. Месната заедница на ова село се труди да привлече гости и во зимскиот период.

Претседателот на месната заедница вели дека потребно е и мештаните да се вклучат во активностите за развој на руралниот туризам преку обезбедување услови за престој на гостите.

Курајчани се надеваат дека наскоро ќе се оствари и нивниот долгогодишен сон за поставување на ски лифт на планинските падини над селото, со што Куратица ќе прерасне во зимско-рекреативен центар за југозападниот регион на Македонија.

Share Button