
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево
Најстудено утрово е во Берово со измерени -14.2°C. По градовите минималната температура е во интервал од -14°C во Берово до -4°C во Гевгелија.
Измерена температура во 07 часот и минимална температура: Најстудено утрово е во Берово со измерени -14.2°C. По градовите минималната температура е во интервал од -14°C во Берово, Штип, Битола и Куманово минус 10 степени, до -4°C во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 07 часот (во cm) во зимските центри изнесува: 32 Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 1 Крушево.
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Во Скопје, наутро студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.
