fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Лажната висока класа ги манипулира чесните тутунари и им го потценува квалитетот – пишува Цане Божиноски

Во последно време во јавноста се слушаат барања од поединечни тутунопроизводители или нивни "претставници" да се врши откуп само по класи, наместо да се презема тутунот во највисоката, најскапа класа.

Откуп по класи?

Во последно време во јавноста се слушаат барања од поединечни тутунопроизводители или нивни “претставници” да се врши откуп само по класи, наместо да се презема тутунот во највисоката, најскапа класа.

Иако формално звучи коректно, ваквиот пристап е штетен, апсурден и надвор од секоја економско-правна логика. Тој ја намалува вкупната вредност на тутунопроизводството, директно ја загрозува економијата на тутунопроизводителите и државата.

Не постои производител кој по сопствена волја би произведувал тутун со лош квалитет. Квалитетот е резултат на низа фактори: секоја инсерција има различни биохемиски својства, регионот и микрореонот влијаат на квалитетот, а климатските услови – суши, екстремни летни жештини или рани есенски дождови – честопати значат максимален вложен труд и ризик, но понекогаш и понизок квалитет. Но тоа не значи дека тутунот нема употребна вредност.

Според Правилникот за квалитативна и квантитативна процена, тутунот може да варира по боја од светло сламесто жолта до темно кафено-чоколадна. Секое рестриктивно толкување кое го понижува квалитетот е спротивно на духот на правилникот и интересот на производителите и државата.

Тутунопроизводството се одвива на договорна основа и според пазарни принципи. Откупувачите настапуваат во конкурентен однос и имаат право да преземаат тутун и во највисоката класа. Но, клучно е да се обезбеди стабилна линија на откуп од почеток до крај на сезоната, со откуп на целокупното договорено количество под исти услови. Само така производителите имаат сигурност, а тутунопроизводството останува стабилен и предвидлив сектор.

Тутунот денес не е профитабилна култура. Кога семејството вложува целогодишен труд, а нето приходот по тутунопроизводител е околу или под минимална плата, тоа е рентабилност или преживување, а не економски развој.

Тутунопроизводството би било профитабилно само ако секој производител остварува месечен нето приход повисок од просечната месечна плата во државата. Тоа е право на производителите, потреба на пазарот, економска логика и државен интерес.

Тутунопроизводството во Македонија не е обична земјоделска култура. Тоа е клучна социоекономска дејност, егзистенција за илјадници семејства и единствена економска активност во голем број рурални општини. На годишно ниво обезбедува приближно 200 милиони евра директен девизен прилив, стабилен извор кој влијае на платнобилансната позиција и учествува значајно во БДП на Државата.

 

Пишува Цане Божиноски, добар познавач на домашната и меѓународна легислатива во тутунопроизводството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close