fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Во јуни биле потребни најмалку 48.543 денари за да се помине месецот

Колку пари ви се потребни за да го поминете месецот!?

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19.805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13.416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close