Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Лозарите ќе ги добијат субвенциите пред Свети Трифун
Во однос на исплатата на субвенциите за лозарите, министерот Љупчо Николовски најави дека тие ќе бидат исплатени веднаш штом биде донесен буџетот, поточно пред Свети Трифун, празникот на лозарите
Во однос на исплатата на субвенциите за лозарите, министерот Љупчо Николовски најави дека тие ќе бидат исплатени веднаш штом биде донесен буџетот, поточно пред Свети Трифун, празникот на лозарите.
– Исплатата започнува со новиот буџет, со носење на програмите и една од првите исплати ќе е токму за лозарите. Таа традиционално се исплаќа пред Св. Трифун без никаква селекција, со една одлука, со еден потпис на директорот, со редно решение и во еден ден исплата со повеќе милиони евра, рече Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.