Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Љупчо Николовски – Победа на земјоделците! Си заминува човекот кој го донесе земјоделство до бездната

Заминува министерот кој ги остави земјоделците со неисплатени субвенции, без систем за аплицирање

Поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски по заминувањето на министерот Цветан Трипуновски објави –
Си заминува човекот кој за две години го донесе македонското земјоделство до работ на бездната.
Кој ветуваше брда и долини, а предизвика хаос и безброј коруптивни скандали.
Заминува министерот кој ги остави земјоделците со неисплатени субвенции, без систем за аплицирање, укинати програми, поништени повици за модернизација на земјоделството и мизерни откупни цени.
За некого прерано, за некого предоцна, заврши мандатот на човекот кој наместо да работи на подобрување на условите за работа и благосостојбата на земјоделецот, се занимаваше со партиски реваншизам, мобинг и елиминирање на сите чинители кои не беа покорни на неговите катастрофални политики.
За жал, со него не заминуваат проблемите во аграрот туку напротив, секојдневно се зголемуваат.
Борбата за стопирање на негативните трендови кои го разјадуваат земјоделскиот сектор продолжува и во следните денови кога на дневен ред во Собранието ќе се најде ребалансот на буџетот.
Заедно со моите колеги од пратеничката група на СДСМ изготвивме неколку амандмани кои ќе бидат наши предлози, пред се за обезбедување на итна дополнителна поддршка за сточарите и млекопроизводителите и навремено обезбедување на финансиски средства за државна интервенција за полјоделците кои се соочуваат со неизвесна жетва и ризик од ниска откупна цена на житариците, објави Николовски.

Поврзани новости

Back to top button