вестиТоп вестиХрана

Магијата на гроздовите по таваните во зима

Магијата на гроздовите по таваните во зима

 

 

Вистинска магија се шири од тавани и подруми од домаќинства во Тиквешко и оваа зима. На греди висат прекрасни гроздови кои ги мамат сетилата. Гроздовите зрна, како да се натпреваруваат кое од нив прво ќе биде изедено, затоа што знаат дека ќе предизвикаат радост  и среќа со експлозијата од задоволства што ја предизвикуваат.

Најубав е Божиќниот пост со грозд изваден од шајка

 

Марјан Нојков е млад човек од Неготинско Долни Дисан кој живее и работи во Скопје, а за МИА потврди дека во неговото семејство се негува оваа убава традиција и се пренесува од дедо на внук.

 

-Се работи за многу доцни сорти грозје што се берат некаде од 5 до 25 ноември, во зависност од временските услови, а се чуваат на темно и ладно место до март, април месец следната година. Интересно е, исто така, дека отсекогаш на овој простор за време на божиќните пости, се јадело од ова грозје, нагласи Нојков.

Средовечниот Љупчо Милачов од кавадаречкото Ресава, исто така, раскажа дека грозјето од сортите ,,белозимско” и ,,валандовски дренак” ги берат многу покасно од винските сорти  грозје. Се зависи од временските услови и прилики, но главно пред да падне слана. Со грозјето се берел и дел од ластарот, за да може да се закачи на шајка. Така, траело некаде  до почетокот на пролетта. Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Пишува Светлана Дарудова/МИА

Слични написи

Back to top button
Close