fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Македонија и Албанија потпишаа спогодба за одржливо управување со рибниот фонд во Охридското и Преспанското Езеро

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Струга, заедно со министерот за земјоделство и рурален развој на Република Албанија, Бледи Чучи,  ја потпишаа Спогодбата за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро и наше понатамошно  унапредување на напорите за интеграција во ЕУ.

Оваа Спогодба беше подготвена за институционализирање на заедничката заложба на двете крајбрежни земји – Република Северна Македонија и Република Албанија.

 

“Како што е веќе добро познато, Охридското и Преспанското Езеро се едни од најбогатите со рибна фауна, па тоа наметнува и повеќе предизвици за надлежните органи. Нашата цел е да се создаде усогласена институционална поставеност и пристап за соработка за овие езера. Би сакал да истакнам дека оваа Спогодба обезбедува основа за создавање на ново билатерално тело – Заеднички Комитет за риболов на Охридското и Преспанското Езеро. Овој Комитет ќе ја развие прекуграничната соработка во областа на риболовот и ќе изготви препораки за насочување на двете Страни кон усогласување на нивните регулативи за риболов и управување со риболовот“ –Изјави министерот Хоџа.

 

Поддршката за оваа активност е обезбедена од регионалниот проект на Германската интернационална соработка (ГИЗ) „Зачувување и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и неговиот консултантски партнер Институтот за слатководно рибарство Потсдам-Сакров (IfB).

 

“Фауната нема ни пасош ни граница. Од денеска се надевам дека фауната ќе се третира како една целина . Оваа година ние го порибивме езерото со 1,6 милиони единки од пастрмка, тие не се дел само од нашето езеро, туку се на целото Охридско Езеро и затоа сакаме да имаме една визија и една цел и да придонесеме во иднина да имаме повеќе риби во целото езеро.- изјави министерот Чучи.

 

Неодамна, министерот Хоџа ја посети Република Албанија при што беше потпишан Договор за фитосанитарна соработка со што се постигна, Фитосанитарните Сертификати помеѓу нашите држави да бидат билатерално признати за слободна трговска размена на земјоделските производи. Со тоа се создаде потполно бесплатен коридор за циркулација на земјоделски производи за двете држави. Ова претставува понатамошен чекор кон стратешката иницијатива на Балканскиот Шенген за развој на нашиот регион.

Двете министерства ќе продолжат и понатаму да развиваат можности и да работат во насока на унапредување и за развивање на двете држави.

Слични написи

Back to top button
Close