Агро бизнисВестиВиноМакедонијаТоп вести

Откупната цена на грозјето треба да биде 30 денари, реакција на Ѓорги Каракашев

Допрва ќе видиме како ќе се одвива откупот

Националната земјоделска мрежа објави дека не е задоволна од цените на Вранецот и Смедеревката – Реакцијата ви ја пренесуваме во целост – “Методологијата за пресметка на производствената цена е одредена од страна на поранешниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, и таа треба да се промени поради зголемените трошоци за производство и зголемените откупни цени на винското грозје во регионот. Според нашите пресметки, откупната цена треба да биде околу 30 денари за двете вински сорти – изјави  Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Лозарите бараат, преку стопанските комори или преку други правни субјекти, да им се обезбедат дополнителен пласман и целосна либерализација на извозот на винското грозје.

– Откупните цени на винските сорти грозје во регионот се многу повисоки. Во соседна Србија, вранецот и смедеревката се откупуваат по 60 денари за килограм. Поради тоа, да не се повтори она што се случуваше изминатите години, односно нашето грозје да завршува на пазарите во регионот, бараме да се зголеми откупната цена – посочи Каракашев.

Состојбата со откупот и годинава повторно го отвора прашањето за односот меѓу лозарите и винарските компании. Додека институциите уверуваат дека се пресметани цените според утврдена методологија, производителите бараат да се промени таа и да ги следи реалните трошоци и движењата на регионалниот пазар. Конечен тест ќе бидат текот на бербата и начинот на кој ќе се одвива откупот на грозјето.

 

Поврзани новости

Back to top button