fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Четири илјади тони тутун помалку од лани ќе се произведат годинава

Околу четири илјади тони тутун помалку во споредба со лани се очекува да бидат произведени годинава, велат од Сојузот на тутунските здруженија.

Дел од тутунопоризводителите во земјава завршија со садењето на тутунот, други пак почнаа со берба од новата реколта..

4 илјади тони тутун годинава ќе биде произведен помалку во споредба со лани, тврдат од сојузот на тутунските здруженија..Според склучените договори со откупувачите годинава близу 30 илјади тутунопроизводители расад за производство на тутун засадиле на 12 илјади и 100 хектари, 1500 хектари помалку..Причините за намалувањето не се познати..

Во најголемиот тутунопроизводствен регион во земјава прилепско пелагонискиот годинава има 1000 договори повеќе велат од подрачната единица за земјоделие..Половина од годинашново производство во земјава ќе биде од земјоделците од Прилепско- битолскиот регион..

Поради доцнење во плаќањето на закуп,пашарина и наводнување над стотина тутунари сеуште немаат добиено субвеници за ланската реколта,а според договорот меѓу земјоделците и откупувачите во завршна фаза се преговорите годинава да има само три класи со 20 отсто повисоки откупни цени-прва 280,втора 220 и трета класа 170 денари…

извор: Канал 5

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close