fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји

Српскиот претседател наредил во најбрз можен рок да се потпише договор со кој на македонските и на српските граѓани ќе им се овозможи да купуваат недвижен имот во двете земји

Македонските бизнисмени Ванчо и Душко Чифлиганец, топ менаџментот на Адора, која што во моментов во Србија има градежна инвестиција од 15 милиони евра во двете насоки, на средбата „Отворен Балкан“ во Белград со претседателот на Србија, Александар Вучиќ го отворија прашањето и побараа да се потпише договор меѓу двете земји со кој ќе им се овозможи на македонските и на српските граѓани да купуваат и поседуваат недвижен имот во двете соседни земји, соопштија од „Адора“.
Од таму додаваат дека српскиот претседател Вучиќ веднаш реагирал и побарал од српските и македонските служби да најдат решение и ова прашање што поскоро да се затвори за македонските граѓани слободно да можат да купуваат недвижен имот во Србија и обратно, српските граѓани во Македонија. Тој очекува прашањата кои што денеска беа отворени во Белград, да се затворат во најбрз можен рок во интерес на бизнисмените и на граѓаните. Генералниот директор на Адора инженеринг, проф. д-р Ванчо Чифлиганец и директорот на Adora Living Solutions-Белград, Душко Чифлиганец, кои беа дел од претставниците на македонската бизнис делегација на средбата со претседателот на  Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот потпреседател на Влада, Никола Димитров, претставници на стопанските комори и бизнисмените од сите три земји, ја поздравија иницијативата „Отворен Балкан“ и потенцираа дека само на овој начин можат да се градат мостови меѓу народите и државите од Западен Балкан, а не ѕидови како некои политичари во светот. Бизнисмените веруваат дека иницијативата „Отворен Балкан“ ќе овозможи и ќе го подобри слободното движење на стоки, на човечки ресурси, обезбедување услуги, а пред се слободата на проток на капитал, основните европски и светски постулати за остварување подобри бизнис релации.https://nezavisen.mk/chifliganec-predlozhil-vuchikj-prifatil-makedonskite-i-srpskite-gragjani-da-mozhat-da-kupuvaat-nedvizhen-imot-vo-dvete-zemji/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close