Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Македонско најдобро“ ги поврзува домашното производство, производителите и граѓаните

Со секоја нова локација на мапата граѓаните полесно можат да ги пронајдат и изберат производите со македонско потекло.

Во изминатиот период, тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството реализираа серија информативни средби и обуки во Пелагонискиот, Источниот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион, посетувајќи ги општините Битола, Прилеп, Карбинци, Македонска Каменица, Неготино, Велес, Гевгелија и Василево.
Целта на овие активности беше платформата „Македонско најдобро“ да им се доближи на оние за кои е создадена – земјоделците, преработувачите и продажните места кои нудат македонски земјоделски производи и нивни преработки.
За време на средбите, учесниците имаа можност да се запознаат со платформата, начинот на регистрација, придобивките од нивното присуство на платформата, како и можностите за поголема видливост на нивните производи и полесно поврзување со потенцијални купувачи и деловни партнери.
Големиот интерес, активното учество и конструктивните разговори со земјоделците, преработувачите и претставниците на продажните места уште еднаш потврдија дека постои реална потреба од ваква платформа која ќе ги поврзе домашното производство, пазарот и потрошувачите.
„Македонско најдобро“ не е само дигитална платформа – тоа е иницијатива која ги поврзува домашното производство, македонските производители и граѓаните, создавајќи поголема видливост и нови можности за развој на македонското земјоделство.
Преку „Македонско најдобро“ се зголемува свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи и нивните преработки, се зголемува и зајакнува домашното земјоделско производство и се обезбедува просперитет на руралните средини.
Со секоја нова регистрација се збогатува базата на домашни производи, а со секоја нова локација на мапата граѓаните полесно можат да ги пронајдат и изберат производите со македонско потекло.
Им благодариме на сите земјоделци, преработувачи, претставници на продажните места, како и на сите институции кои активно се вклучија во реализацијата на овие активности.
Продолжуваме на терен, да разговараме, да едуцираме и заедно да ја градиме најголемата национална платформа за промоција на македонското земјоделско производство, со цел да им обезбедиме поголема видливост на домашните производители и полесен пристап на граѓаните до квалитетните македонски производи, објавија од МЗШВ .

Поврзани новости

Back to top button
betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet