fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМлад земјоделец

Памуков-Преполовен бројот на струмички земјоделци што аплицирале за субвенции

Ако пред три години во струмичката Подрачна единица на Министерството за земјоделство имаше 8 500 апликанти за поддршка, сега има околу 4 500.

Производителот и претседател на Потсекторската група градинарство,  Драги Памуков, вели дека преполовен е бројот на земјоделци што аплицирале за субвенции во струмичката ПЕ на МЗШВ.

Додава дека во моментов речиси и да нема зеленчук во земјава. При крај се количините од првиот турнус домати, пипер, краставици.

-Засега, конкретно годинава, најголем проблем беа поројните врнежи и невремето кое го зафати струмичкиот регион, но долгорочно, проблем е тоа што има се помал интерес кај земјоделците за градинарство. Повеќето од нив се иселуваат, работата е тешка, но не и доволно исплатлива. Ако пред три години во струмичката Подрачна единица на Министерството за земјоделство имаше 8 500 апликанти за поддршка, сега има околу 4 500. Бројот е преполовен. Земјоделците генерално си одат во странство, нагласува Памуков.

Негова оценка е дека првиот годинашен производен циклус имаше турбулентни ситуации, „кога долу, кога горе“.

-Замрзнатите цени и целата таа наметната ситуација, доведоа до тоа да ги продаваме градинарските производи под производна цена. Ако  производната цена, на пример, на доматот беше 80 денари, ние го дававме за 60. Слично е и со  краставицата која беше во помал обем. На пиперот, пак, производната цена му е 40 денари, а сега се продава по 30 – 35 денари. Врнежите што зафатија одредени делови од државата повторно морам да ги спомнам зашто, секако, негативно ќе се одразат врз производството. Не само што ќе се намали квалитетот, туку можно е да се редуцираат и количините. На 5 јули имаше цунами во Струмичкиот регион, а земјоделците го извлекоа подебелиот крај. Кај пиперот може да дојде до сушење, но ајде да почекаме, па ќе видиме, објаснува Памуков.

Негова оценка е дека увозот не може да се запре, само може да се контролира.

-Тоа е посебно изразено сега, со Отворен Балкан, кога границите практично се отворија. Годинава имаше повторно увоз на краставици од Албанија, но траеше кратко и не го наруши пазарот, вели Памуков. https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close