Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Министерот го враќа во функција агро-советот
Овој совет игра клучна улога во носење и креирање на актуелните политики за земјоделство и рурален развој, објави министерот Љупчо Николовски.
Го враќаме во функција агро-советот. Драго ми е што на мој предлог, на денешната владина седница, усвоено е изменувањето на одлуката за формирање на советот за земјоделство и рурален развој. Овој совет игра клучна улога во носење и креирање на актуелните политики за земјоделство и рурален развој, објави министерот Љупчо Николовски.
Дебатите помеѓу сите релевантни чинители во Советот значително придонесуваат кон подобрување на политиките во насока на решавање на проблемите на терен, како и унапредување на состојбите во земјоделството и руралните средини, рече тој.