вестиМакедонијаТоп вести

Бабовски и Илиевски во посета на ЈП „Стрежево“

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Николче Бабовски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ – Битола, Методија Илиевски, беа во посета на Ј.П "Стрежево"

Во фокусот на средбата, како што соопштуваат од Агенцијата, беа актуелните новости околу Програмата за финансиска поддршка во рибарство и аквакултура – инвестиции во аквакултурата и набавка на порибителен материјал. Директорот, Бабовски посочи дека средствата од Програмата за рибарство и аквакултура како и досега ќе бидат насочени во развој на рибарството
„ Со доделување на средствата од Програмата за рибарство и аквакултура директно ќе влијаеме за развој и модернизација на домашните претпријатија со што ќе се овозможи домашно производство на риба, но и содавање на порибителен материјал. Со помошта на овие капацитети директно влијаеме и врз цената на свежата риба за домашниот пазар. АФПЗРР, заедно со МЗШВ ќе продолжат да креираат мерки кои ќе носат развој на домашниот агро сектор. Со развој на земјоделството овозможуваме производство на домашни земјоделски производи. “ – истакна Бабовски.
На средбата стана збор и за состојбите во македонското земјоделство како и јакнењето на капацитетите и можностите за продлабочување на заедничката соработка помеѓу двете институции.
-Ja изразувам мојата благодарност за постојаната поддршка од АФПЗРР и сум особено задоволен од досегашната меѓусебна соработка. Сметам дека доделените средства од страна на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој делуваат мотивирачки за развој на дејноста рибарство и аквакултура и ќе бидат дополнителен поттик во иднина. изјави по средбата директорот на ЈП “Стрежево од Битола, Методија Граматковски.
На средбата беа истакнати и предлози и сугестии кои ќе бидат во насока за дополнително унапредување на рибарството и аквакултурата во нашата земја.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close