fbpx
Без категорија

Мирчески-Земјоделците се подготвуваат за генерален штрајк

Соопштение по средбата на земјоделските здруженија во Неготино

Соопштение до медиумите:
Почитувани вчера на иницијатива на новоформираните тутунски здруженија се одржа работен состанок во Неготино во присуство на преставници на сите  земјоделски гранки здруженија и нивни преставници. На средбата покрај тутунските здруженија беа присутни преставници на сточарите, млекарите, оризопроизводители, лозаропроизводители, градинарите, а заради работни обврски на состанокот не беа присутни пчеларите и производителите на житни култури кои изразија безрезервна поддршка на сите заклучоци донесени на  состанокот како и на сите наши активности кои ќе се преземат во иднина.
Ја користам оваа, прилика на сите присутни и на оние кои изразија поддршка ,а тука сакам да ги напоменам и посебно одгледувачите на овци, и да им се заблагодарам пред се на храброста тоа што се одважија конечно сите заедно сплотени да ги решаваме нашите проблеми.
Нема достапен опис
На средбата се констатира дека земјоделието се наоѓаат во катастрофално лоша состојба и дека нема подсектор кој може да се пофали со позитивни резултати. Неисплатени субвенции, неисплатени мерки, подмерки, неисплатени така наречени ‘ковид помошти’, пробиени рокови за исплата на истите, погрешни политики од владата и тотален хаос во земјоделието. Производство кое е доведено до раб на рентабилност имајќи ги предвид производните трошоци кои во последно време се зголемени за повеќе од 35%. Производство без регулирани цени и загарантирани откупи по формулата снајди се кој како знае и умее. Сите присутни едногласно се изјаснија дека треба да се повлече Законот за продажба на државното земјоделско земјиште како штетен за земјоделието и земјоделците во Македонија и се донесе едногласен став дека ниту сега ни во иднина не смее да се врши распродажба на општото добро во државата.
Нема достапен опис
Оваа територија таа почва е со крв платена од нашите претци и ни е оставена во аманет и за идните генерации и затоа најостро ќе се спротивставиме на овој обид да ја запоседнат нашата земја еден грст моќници. Исто така на средбата се констатира дека последен клинец на ковчегот на земјоделците е зголемувањето на нафтените деривати кои директно ќе влијаат врз уништувањето на земјоделецот кој и онака е во катастрофална финансиска состојба.
Исто така се донесе едногласен заклучок дека овие состојби се неодржливи и трпението е при крај и затоа земјоделците СПЛОТЕНИ заеднички и здружени ќе организираат генерален штрајк на кој ќе го изразат својот револт на игнорантскиот однос на власта и министерството кон земјоделието и земјоделците, кој ќе се случи многу наскоро за што земјоделците ќе бидат благовремено информирани за денот и часот на протестот.
ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА САМО СЛОЖНО ЌЕ УСПЕЕМЕ
Нема достапен опис
Со почит
Координатор на новоформираните тутунски здруженија Игор Мирчески
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close