fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Млад земјоделец – Во твоите раце ја држиш својата иднина !

Разликата помеѓу успешните и неуспешните луѓе не е во дефицитот на снага, знаење или ресурси туку во отсуството на доволно голема желба и воља да се успее.

 

Започнуваме со оваа мисла да Ве воведуваме во една нова рубрика

“Млад Земјоделец – Во твои раце ја држиш својата иднина со цел , вас млади луѓе, да Ве стимулираме да останете во македонските села и од таму, градејки ја вашата успешна приказна да го градите и патот на македонскиот производ до секоја трпеза кај нас а и на странските пазари. Знаеме дека во Вас има потенцијал и од Вашата работа да излезат модерно паковани, висококвалитетни  производи кои се типични за нашето поднебје и одраз на нашата традиција. Идеја за бизнис ја имате во раката од дедо и прадедо , искористете ја. Или бидете свесни дека ако не почнете сами да ги остварувате своите соништа тогаш ќе ве запосли некој да му помогнете во остварувањето на неговите соништа.

Но да видиме како стојат податоците на овој сегмент низ Европа ?

Бројките на Евростат откриваат дека Австрија  е земја со најголем процент од млади земјоделци во целата ЕУ. Дури 12 % од земјоделското население во алпската земја е под 35-годишна возраст – што е високо над просекот на ЕУ , кој е 5,1 %.

„Во споредба со другите европски земји, релативно е лесно да се води фарма во Австрија“, гордо објаснува Андреас Куглер од Австриски млади земјоделци. „Австрија има многу планини, така што има помалку големи земјоделски стопанства кои купуваат големи делови од земјата, како што гледате истото се случува и во источна Германија. Цените на земјиштето се релативно ниски што им олеснува на младите луѓе да започнат  свој бизнис со основање на сопствена фарма. “

Според статистичките податоци на ЕУ  седум земји членки се многу повисоко над другите со бројот на  млади земјоделци и нивниот просек е над просекот е поголем од просекот на ЕУ. Покрај Австрија, се издвојуваат Полска (10%) и Словачка (11%).

Читајки за овие напредни земји и нивните методи на стимулација со цел задржување на младите во руралните средини и во земјоделството останува отворено прашањето колку млади земјоделци има Македонија и каде сме ние на таа скала?

Вклучени лица вкупно До 25 години Од 25-34 години Од 35-44 години Од 45 до 54 години Од 55 до 64 години Повеќе од 65 години
  Вкупно жени Вкупно жени Вкупно жени Вкупно жени Вкупно жени Вкупно жени
 441 829  42 162  17 165  52 785  20 997  67 987  30 590  93 092  42 945  98 347  41 080  87 456  34 379
Вкупно % 10 12 15 21 22 20

Според извештајот на Заводот на статистика “Структура и типологија на земјоделските стопанства”  2016 доаѓаме до податок дека кај нас е следната структура на лица вклучени во земјоделство:

Возраст
До 34 години 21%
Од 34 до 44 15%
Над 44 години 63%
   

Вака гледајки , бројките се во многу на наша страна , но во реалноста воопшто не е така. Ако се прашувате зошто, објаснувањето е многу кратко и повеќе од јасно: На најголем број од нашите фармери , земјоделството им е дополнителна дејност и кај регистрираните земјоделски стопанства оваа процентуална поделенест е многу различна.

Како ние гледаме на развојот на младите земјоделски стопанства и што е тоа што ќе стимулира и предизвика раст и развој на младите фармери ?

Државата ја зголеми субвенцијата на 20.000 еур. и тоа е одлука за поздрав. Се надеваме дека нема да е последна и дека Државата ќе застани во заштита на оваа група земјоделци и со уште поголема стимулација.

Упатуваме порака или барање до МЗШВ да најди модул да ги зголеми субвенциите и помоштта на земјоделците на кои оваа дејност им е примарна а не дополнителна затоа што не е во ред да бидат исто стимулирани и тие кои живеат од земјоделие и тие на кои земјоделството им е дополнителна дејност.

Градовите се многу загадени и стануваат крајно неквалитетни за секојдневно живеење односно таму нема здрав живот ниту за вас, ниту за вашите деца. Руралните средини сега кај нас стануваат синоним за здрав и квалитетен живот (што и беа од секогаш во развиените земји)

На младите останува да го модернизираат она што го работеле нивните родители или предци. Што се подразбира под ова ?

Факт е дека Македонија има органски најдобар мед, има органско јагне, прекрасни традиционални производи како сирење, биено сирење, ајвар, слатко,најдобро грозје и вино, јаболка, органски шумски плодови и чаеви и слично , ама нема паковање ниту приказна во продажбата на истите. Значи, МЛАДИНО  насочи се кон ТОП дизајн на паковање и пробај тој производ да го пласираш овде или во странство. Ако се сметате неспремни само да средите, ангажирајте маркетинг агенција, дистрибуција и слично, тие ќе средат се и вашиот успех ќе биди неминовен.

И да заклучиме и расчистиме, нашиот успех најмногу зависи од самите нас. Никој од големите ликови на бизнис заедницата и најбогатите луге во светот не го создале своето богатсво од субвенции и програми на државата или во зависност некој други ентитети , туку сами , со голема борба, често на почеток и со загуби за да стигнат овде каде што се . Ова е најбитно да го сфатиме сите: да не застануваме да учиме, да истражуваме, да размислуваме како напред, да купуваме од понапредните знаење и идеи, да не застануваме….

Затоа што :

Во твоите раце ја држиш својата иднина !

За Зелена Берза –

Главен и одговорен уредник – Христина Фуна

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close